Велика Британија ја предводи иницијативата за „модернизација“ на Европската конвенција за човекови права и бара ревизија на овој договор поради притисокот од крајната десница, што предизвика предупредувања за ризиците по заштитата на мигрантите.
Како што се посочува во анализата Ал Џезира и на британски „Сан“, британскиот премиер Кир Стармер ги повика европските лидери да „одат понатаму“ во модернизацијата на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), тврдејќи дека договорот повеќе не е погоден за својата намена во ерата на нерегуларна миграција и додека крајно десничарските политички партии добиваат влијание низ цела Европа.
Во средата, европските земји се согласија да го започнат процесот на модернизација на ЕКЧП на состанокот на министрите за правда во Стразбур. Лидерите се надеваат дека ќе го изменат договорот за да го олеснат депортирањето на недокументираните мигранти.
Британскиот премиер Кеир Стармер и други европски лидери повикуваат да се промени Европската конвенција за човекови права, затоа што, според нив, таа сè потешко им дозволува да ги депортираат нелегалните мигранти и баратели на азил.
Целта е да се олесни депортацијата, а предложените промени би таргетирале најмногу два члена од ЕКЧП:
Член 3 – за забрана на тортура и нечовечко третирање;
Член 8 – за заштита на семејниот живот.
Политички притисок на екстремистичките партии
Овој потег доаѓа од силнио притисок од десничарски и популистички партии кои го ставаат прашањето за миграцијата високо на агендата. Стармер и неговата Лабуристичка партија се обидуваат да одговорат на тие притисоци со поостри мерки, со намера да спречат раст на радикалните партии.
Но овие тенденции наидуваат на остра критика од правни експерти и групи за човекови права. Според нив „слабеењето на ЕКЧП“ би ги погодило најранливите, како бегалците што тврдат дека ќе бидат вратени во земји каде може да бидат изложени на тортура или воено насилство. Правните експерти велат дека ECHR не претставува толкава пречка за депортација како што се тврди, а дека јавната перцепција е претерана, посочува Ал Џезира. Сепак, ова прашање предизвикува поделба меѓу земјите членки потписници на ЕКЧП. Дел од земјите на Советот на Европа се согласуваат со потребата да се „модернизира“ конвенцијата, но постои и значителен отпор поради загриженост дека тоа може да ја еродира самата конвенција и правата што ги штити.