„Вреди не го интересира ниту Европа, ниту владеењето на правото, ниту реформите, туку само партизацијата на судството и институциите за да им служи на нивните коруптивни апетити“, пишува во партиското соопштение на Демократската унија за интеграција, доставено до медиумите.
Во него се наведува дека интегративците го осудуваат отворениот обид на ВРЕДИ за измамама на граѓаните и пратениците со партиски кандидати за членови на Советот на обвинители.
„За Ардијан Демири приложените фотографии се најмал доказ за неговото политичко-партиско делување во Демократското движење на Изет Меџит.
Сите јавни настапи на Демири го прават недостоен да носи толку важна функција.
Додека другиот кандидат, исто така член и поддржувач на Вреди, Ведат Салихи, не ги исполнува условите за работен стаж согласно законот и по завршувањето на конкурсот достави дополнителни документи.
ДУИ ги алармираше пратениците, граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница за начинот на размислување на челниците на Вреди да ги партизираат судството и обвинителството со партиски експоненти.
„Заробената држава“ никогаш не треба да се повтори и ја повикуваме Европската Унија да и реагира на власта без етнички легитимитет и собранието за овие постапки кои нè оддалечуваат од Европа и европските вредности“, пишува во соопштението на ДУИ.