Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

11. издание на „Земјотрес“, Фестивал на независна музика

Во сабота на 4 февруари во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на музичкиот фестивал на независна музика Земјотрес.

Изминативе 10 години низ фестивалот минаа речиси сите релевантни домашни автори, кои ја создаваат музиката на ова време. Земјотрес растеше, се дефинираше и јасно манифестираше поента, односно љубов кон музиката, одговорност кон културата и грижа за младите генерации.

-Промената е единствена константа во овој свет, а ние сме луѓе кои сакаат да гледаат напред. Напред претстои промена. На Земјотрес му претстои промена. Нови генерации, нова брзина на комуникација, трансформирани вредности. Се обидуваме да држиме чекор… не, всушност се трудиме да диктираме темпо. Земјотрес 11 е огледало на промената и носи жесток фокус кон најмладата, неверојатно талентирана генерација на локални музичари. Застрашувачка сила која се движи под земјата, ја тресе и има намера да експлодира со сета своја убавина, свежина и потенцијал. Вистински земјотрес на нова енергија на 3 музички стејџа. Крвоток по коридорите на Младинскиот Култирен Центар Скопје, стои во соопштението од организаторите.

На Земјотрес 11 оваа година настапуваат: Андреја Салпе, Аудиоцигла, Нино Наумов, Бодан Јамакоски, Бон Праскиза, Димиш, Дина Јашари и Другари, Дивоградба, Доуп Куќата, Фулиш Грин, Горан Кан, КЕМ, Максимус Вандал, Миа Перевска, Мирко Попов, Пич Вајз, Педро Хоризонте, Преку Ред, Ред18, Вагина Корпорација, ВЕЛ, Занаду

Земјотрес започнува во 19:00 часот и ќе трае сѐ до 04:00 часот. Првите сто влезници беа по цена од 300 денари, моменталната цена во претпродажба на bileti.mkc.mk изнесува 400 денари, а на денот на настанот ќе изнесуваат 450 денари и ќе можат да се Влезници во претпродажба и на набават на билетарата на МКЦ.

Зачлени се на нашиот е-билтен