Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

12 Август, Меѓународен ден на младите и 25 години младински активизам на МОФ

Фотографија од архивата на МОФ
Фотографија од архивата на МОФ

Со резолуција на Обединетите Нации, 12 август е прогласен за Меѓународен ден на младите, со цел да се привлече вниманието на меѓународната заедница за младинските прашања и да се слави потенцијалот на младите како партнери во денешното глобално општество.

Годинава овој ден во светот се одбележува под мотото ,,Од Кликови до Напредок: Младински дигитални патишта за одржлив развој”(From Clicks to Progress: Youth Digital Pathways for Sustainable Development).

Младите во светот се соочуваат со најразлични предизвици, а во Северна Македонија најголем проблем е заминувањето на младите во странство, но и нискиот степен на вклученост во донесувањето и спроведувањето на политиките од посебен интерес на младите

Неодамна објавените сознанија од истражувањето на Државниот завод за ревизија, покажа дека 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државава.Овие податоците се поистоветуваат и со наодите од истражувањата на граѓанскиот сектор за желбата на младите да заминат од државата. Бројките говорат дека 6 од 10 млади би заминале од државата. Од друга страна според предвидувањата на Обединетите нации, до 2050 година во македонското општество, младите ќе бидат претставени со 12% во општествената структура. 

Како главни причини зошто младите сакаат да заминат од државата се наведени недостатокот од соодветни работни места и услови за работа, но и целокупната корупција која владее во државата и влијае на нефункционалниот образовен, здравствен и судски систем. 

Од друга страна младите во кои државата инвестирала да ги зголемат своите знаења и капацитети преку државните стипендии за студирање во странство остануваат заборавени.

Последното истражување на МОФ, ,,Неискористен студентски потенцијал” покажува дека државата од 2012 до денес, стипендирала 389 студенти да студираат на првите 100 универзитети на Шангајската листа, но речиси ниту еден студент не бил исконтактиран од државните институции. 

Младите се самоорганизираат

И покрај овие слабости во прифаќањето и поддршката на младите, тие се самоорганизираат и се ободиваат да го надоместат тоа што треба да го прави државата.

Оваа година една од најагилните младински организации, Младинскиот образовен форум (МОФ), прослави 25 години постоење.

Пред 25 години, група млади луѓе ja препознале потребата од дебата и аргументирано изразување и креирале заедница на дебатери. 25 години подоцна, МОФ сѐ уште е  единствената организација во нашата земја која негува компетитивната дебата и нуди неформално образование за критичко размислување.  

МОФ започна со програмите за култура на дебатата и полека ја прошири својата мрежа со повеќе од стотина средношколски и студентски дебатни турнири. ! Дополнително, овозможи учество на млади дебатери на безброј меѓународни турнири.

Секоја нова генерација млади ја растеше организацијата и така креираше програми кои се неопходни за развојот на младите. Препознавајќи jа потребата младите да ги знаат своите права, во 2000 година се креираше програмата Учиме право. 24 години подоцна, програмата Учиме право сѐ уште едуцира млади за правниот систем во државата, за своите младински права и најважно ги охрабрува и поддржува во борбата за заштита на истите.

МОФ е првата организација која во 2004 година, јавно го покрева прашањето за присутноста на корупцијата во високото образование, преку јавната кампања РЕЗИЛ. МОФ беше првата организациjа која спроведе проект за промоција на институцијата „Студентски правобранител“ и реализираше кампања со која ги информираше студентите за постоеьето на оваа институција.

Денес, МОФ сѐ уште ги поддржува студентските тела. Оттука се роди и идеата за програмата Истражување анализа и креираье на младински и образовни политики. Преку оваа програма беа креирани 68 истражувања за млади на теми меѓу кои: квалитет на образование, корупција во образование, социјален капитал на млади, вработување итн.

МОФ учествуваше во креирање на закони, стратегии и работни планови за младински прашања во државата. Законот за Високо образование, Законот за студентски стандард, Законот за средно образование и Законот за млади се само дел од придонесот на организацијата.

Некогаш, борбата за младински права не се води по институционален пат, се води на улиците, преку протести, акции, петиции… Имајќи го тоа предвид, во 2011 година се креираше програмата Младински Активизам. Низ годините, преку медиа арт клубвите, програмата креираше и поддржуваше активисти, организираше и поддржа млади во организација на над 207 младински акции. Од собирање потписи за екстерното тестираье да биде прогласено за пилот, до Операција „Студентски дом“, до обезбедување формално образование за децата од поправните домови и обезбедување толкувачи за глуви и наглуви млади во здравствениот систем и безбројни акции за заштита на животната средина, МОФ влијаеше во менување и подобрување на нашето општество.

Дополнително, програмата го поддржува и промовира активизмот преку единственaта конференција за социјален активизам – ЕGANGE преку која МОФ секоја година овозможува платформа за промоција на локалниот и меѓународниот активизам. 

Во 2011 година започна да работи Радио МОФ, во време кога тогашните протести ниту една телевизија не ги покриваше случувањата на улиците каде млади активисти се бореа за правда. Оттогаш, Радио МОФ прерасна во младинско гласило кое известува за сите теми поврзани со младински прашања, креира анализи, подкасти, емисии и ja едуцира идната генерациза на млади новинари.

Низ годините, МОФ креираше правни клиники, организираше секакви тренинзи и обуки, спроведуваше кампањи за анти-корупција, помагаш со стипендии за млади студинти, организираше големи настани како Аргумент, Станица Студентска, МОФ Академии… сѐ ова и повеќе има оставено навистина длабок траг на многу млади луѓе од државата. 

Најново