Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

120 години од издавањето на „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков

Денес се навршуваат 120 години од издавањето на капиталното дело на Крсте Мирисков – За македонцките работи. Книгата е објавена на 25 декември 1903 година во Софија, а испечатена е во печатницата „Либерален клуб“.

Книгата на Мисирков е прв сериозен обид за научен пристап кон стандардизацијата на македонскиот јазик, правописот и азбуката.

Како основа на јазикот, Мисирков ги зема централните македонски говори, за што Конески ќе каже: ,,Најважно е тоа што и без непосредно користење на Мисирков, нашите решенија од четириесет и петтата година, главно, се движат во тој круг, каде што и тој ги бараше решенијата на својот проект. Тоа значи дека е тоа еден процес, што во одредени моменти на својата кулминација, доведува до слични решенија. Најважното беше што Мисирков за основа на нашиот литературен јазик ги земаше централните говори. А тоа прашање воопшто не се дискутираше кај нас четириесет и петтата година. Тоа се подразбираше”.

Освен со прашањата поврзани со јазикот, Мисирков во книгата се осврнува и на политичката состојба настаната по крахот на Илинденското востание, за кое во поглавјето „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“ вели дека е една од најголемите, ако не и најголема несреќа на нашиот народ.

Исто така, Мисирков нуди и научно – теоретски погледи за самобитноста на македонскиот народ, како посебен народ од словенската група.

Редакција Трн

Зачлени се на нашиот е-билтен