Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

120 години од раѓањето на Никола Мартиноски: Презентирани делата од првата Дигитална колонија во Крушево под менторство на Зоран Кардула

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 120 години од раѓањето на еден од најзначајните сликари Никола Мартиноски беше отворена изложба со дела изработени на првата дигитална колонија во Крушево, под менторство на уметникот Зоран Кардула.

Осум дизајнери и илустратори се запознаа со творештвото на Мартиноски, кој на Крушево му поклонил збирка од 62 ремек дела, кои се наоѓаат во уметничката галерија која го носи неговото име.

Делата креирани со дигитални алатки, а инспирирани од творештвото на Мартиноски беа изложени низ чаршијата во Крушево, а денеска ќе бидат поставени во Галеријата на Никола Мартиноски.

Настанот е поддржан од Европска куќа – Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен