17 октомври – кампањата завршува, изборите се ближат

Со само неколку дена до осмите локални избори во Македонија, кампањата влегува во својата финална и најинтензивна фаза. Кандидатите за градоначалник и за советничките позиции активно ги промовираат своите програми и планови за развој, користејќи различни канали – од врата на врата, медиумски спотови, активности на социјалните мрежи, до трибини и митинзи.

Главните ветувања на кандидатите се насочени кон подобрување на инфраструктурата, условите за работа и образование, повисок стандард за граѓаните.

Официјално, кампањата завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк, а самите избори се закажани за 19 октомври. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември, за општините каде што е потребно повторно гласање.

Вкупниот број на запишани гласачи во Избирачкиот список за локалните избори 2025 изнесува 1.832.415 лица. Од нив, 1.717.803 се во редовниот список, додека 112.000 гласачи се запишани во посебниот список за лица на привремена работа или престој во странство. Исто така, 2.162 лица се во притвор или издржуваат казна затвор, а 450 гласачи се од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората.

Зачлени се на нашиот е-билтен