18 мигранти загинаа при превртување на чамец кај Крит

Најмалку 18 мигранти загинаа кога гумен чамец се преврте јужно од Крит, соопштија властите.

Полупотопениот чамец вчера го забележал турски трговски брод, а спасени се две лица, додаваат официјални извори.

Грција е главна влезна точка во Европската унија за луѓето кои бегаат од конфликти и сиромаштија на Блискиот Исток, во Африка и Азија, а слични трагични несреќи често се случуваат.

Во последните месеци се забележува зголемен број на пристигнувања од Либија кон Крит, но властите сè уште не утврдиле од каде потекнувал чамецот што се преврте.

Акцијата за пребарување и спасување ја спроведуваат Грчката крајбрежна стража и европската гранична агенција „Фронтекс“.

Зачлени се на нашиот е-билтен