В среда, 31 мај, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат) ќе се одржи гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“ (La nuit du 12).
Настанот е во организација на Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на генералниот покровител „Зегин“, како и винарската визба „Тиквеш“ и Младинскиот културен центар.
Филмот од 2022 година, во времетраење од 114 мин., е дело на режисерот Доминик Мол, а во главните улоги играат Бастиен Бујон, Були Ланерс и Тео Шолби.
„Ноќта на 12-ти“ е добитник на шест француски национални награди „Цезар“ 2023, меѓу кои и два од најпрестижните – за најдобар француски филм и за најдобра режија.
Француските медиуми за филмот пишуваат: „Проекцијата на „Ноќта на 12-ти“ на Канскиот филмски фестивал 2022 ќе остане како дата за паметење“ (Cinéma Teaser); „Повеќе од трогателен, филмот е моќен и вознемирувачки“ (Elle); „Филм на годината“ (Le Figaro); „Прецизно напишан, филмот „Ноќта на 12-ти“ е напнат трилер за горчливите прашања поврзани со насилствата врз жените„ (Télé Loisirs).
Бесплатни влезници за проекцијата се резервираат преку мејл адреса: culture@ifs.mk (во рамките на капацитетот на расположливи места во салата).