20 совети за заштеда на струја: Со оваа промена можете да заштедите и до 60% енергија

Ако сакате да ги намалите сметките за електрична енергија, постојат едноставни чекори кои можете да ги примените во домаќинството. Еве 20 практични совети за заштеда на струја:

  1. Исклучувајте непотребно светло и користете природно осветлување кога е можно.
  2. Исклучувајте ги уредите кои не се користат од струја.
  3. Користете енергетски ефикасни светилки.
  4. Намалете ја потрошувачката на апаратите кои трошат најмногу енергија.
  5. Бидете рационални при ладење и греење на просториите.
  6. Користете скали наместо лифт.
  7. Печате само потребни документи и во минимален број копии.
  8. При купување електрични уреди обрнете внимание на енергетските ознаки и изберете уреди со највисоката класа на ефикасност.
  9. Користете го бојлерот само кога е потребна топла вода, а термостатот поставете го на максимум 60°C.
  10. Фрижидерот поставете го на 4°C, а замрзнувачот на -18°C.
  11. Не покривајте греење или уреди со мебел или облека за да ја одржите нивната ефикасност.
  12. Машината за миење садови и перење алишта користете ја само кога е полна.
  13. Избегнувајте сушење алишта во сушилници – сушете на воздух.
  14. Користете програми за перење на пониски температури за значителна заштеда на енергија.
  15. Гответе во поклопени садови – се штеди до 20% енергија.
  16. Користете садови со големина прилагодена на греењето на плочата.
  17. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата на најниската која го одржува вриењето – така можете да заштедите до 60% енергија.
  18. Најекономично готвење е во експрес лонец – времето и потрошената енергија се намалуваат за 2–3 пати.
  19. Исклучете ја рерната 10 минути пред крајот на печењето за да заштедите до 20% енергија.
  20. При користење на рерната, минимизирајте го отворањето на вратата – секое отворање ја губи околу 20% топлина.

Дополнително, инвестицијата во енергетска ефикасност, како замена на прозорците со енергетски ефикасни, подобрување на изолацијата и системите за греење и ладење, е корисна и може да биде исплатлива на долг рок.

Со овие едноставни промени, можете значително да ја намалите потрошувачката на електрична енергија и да заштедите пари од сметките за струја.

Зачлени се на нашиот е-билтен