2025 година е најжешката досега: „10 степени можеби не звучат многу, но не е добра вест“

Откако започнаа евиденциите во 1884 година, од последните пет години, четири беа меѓу петте најтоплите, а сите десет најтопли години беа регистрирани во последните две децении.

Велика Британија ги чувствува ефектите од климатските промени.

Оваа година може да биде најжешката досега и може да ја надмине 2022 година, проценуваат метеоролозите.

Просечната годишна температура моментално е 10,05 степени, што го надминува претходниот рекорд од 10,03 степени регистрирани во 2022 година.

Прогнозираното заладување за време на Божиќ значи дека конечните бројки сè уште не се потврдени.

Доколку се потврдат, 2025 година ќе биде само втората година во која просечната годишна температура во Обединетото Кралство надмина 10 степени Целзиусови.

Од последните пет години, четири беа меѓу петте најтопли откако започнаа евиденциите во 1884 година. Сите десет најтопли години беа регистрирани во последните две децении.

Просечните годишни температури во Велика Британија го соборија рекордот пет пати во овој век – во 2002, 2003, 2006, 2014 и 2022 година.

Мајк Кендон, виш научник во британската метеоролошка служба, рече: „Во оваа фаза е многу веројатно дека 2025 година ќе биде потврдена како најтоплата година некогаш забележана во Велика Британија“.

„Кога станува збор за климата, живееме во вонредни времиња. Гледајќи ги записите што датираат од 19 век, промените што ги гледаме се без преседан“, додаде тој.

Професорката по климатски науки, Фридерике Ото, ги опиша наодите како „разорни и целосно очекувани“.

„Десет степени можеби не звучат особено топло, но тоа е просек и подразбира значително повисоки температури во текот на летото, температури што никогаш порано не би биле можни сега станаа вообичаени, а тоа не е добра вест“, истакна таа.

Боб Ворд, од Институтот Грантам за климатски промени и истражување на животната средина, изјави: „Ова е уште еден доказ за влијанието на климатските промени во Велика Британија и итната потреба да се запре затоплувањето со тоа што ќе се предводи светот во постигнување на нето нулта емисија на стакленички гасови што е можно поскоро“.

Зачлени се на нашиот е-билтен