Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

21 тон муниција за Израел од Македонија влегла во Грција, спречено товарењето на брод

Десетици членови на грчкиот синдикат на пристаништето во Пиреа го блокираа товарењето на контејнер со муниција наменета за Израел во знак на протест против војната во Газа, изјавија во петокот за Ројтерс претставници на крајбрежната стража и синдикатот.

Контејнерот, кој пристигна во грчкото пристаниште Пиреа во четвртокот, имал 21 тон муниција, изјави еден од синдикалците за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен. Товарот бил транспортиран со камион од Македонија и требало да биде натоварен на брод со знаме на Маршалските острови за Израел.

Пред инцидентот, синдикатот на пристанишните работници ги повика работниците да протестираат и да ја блокираат испораката на оружје и муниција што ќе се користат во војната во Газа.

„Време е гласно да се извикаме дека нема да дозволиме пристаништето Пиреја да стане воена отскочна даска“, стои во нивната изјава објавена на Фејсбук. „Се бориме за мир…не за учеството на Грција во војната!“

Сликите поставени подоцна на истата страница на Фејсбук покажуваат луѓе кои носат ракети и пароли испрскани врз камион на кои пишува: „Убијци, излезете од пристаништето“.

Грција го поддржа правото на Израел да се брани во услови на тековен конфликт со милитантната група Хамас во Газа, но повика на итен прекин на огнот за да се стави крај на, како што рече, „незамисливата хуманитарна катастрофа“.

Камионот со товарот останува кај пристанишните власти и е отворена истрага за инцидентот. Издадена е потерница по синдикален лидер, изјави еден од претставниците на крајбрежната стража. Контејнерот имал важечка транзитна дозвола, изјави друг претставник.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново