Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Одбележување на Меѓународниот ден на младите во Градскиот парк – Школка

Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Скопје и Младински образовен форум – МОФ, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт – АМС, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, ќе го одбележат Меѓународниот ден на младите со настанот што ќе се одржи на 11 август 2023 година во Скопје, во Градскиот парк – Школка, со почеток во 19:00 часот.

Настанот е посветен на младите луѓе и има за цел да ги поттикне младите да се вклучат во различни активности наменети за нив, да ги поттикне креативно да се изразуваат и делуваат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки.

Најново