Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

33 илјади домаќинства во Франција останаа без струја

Фото: Philippe Alès, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Бурата Каетано што вчера ја зафати Нормандија остави 33 илјади домаќинства без струја во Франција, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.  

„Денеска во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).

„Енедис“ наведе дека мобилизирал 2.200 негови техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.

Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.

Зачлени се на нашиот е-билтен