Околу 39 отсто од Европејците би прифатиле консултација со вештачка интелигенција (AI) наместо со лекар. Главната причина е достапноста на AI системите 24 часа, 7 дена во неделата и фактот што веднаш обезбедуваат одговор.
Поддржувачите на AI во здравството наведуваат дека дигиталните системи нудат брзи и објективни информации, а дел од испитаниците дури се чувствуваат посигурни кога споделуваат лични здравствени податоци со виртуелен интерфејс отколку со човек.
Според извештајот, на вештачка интелигенција најмногу би се обратиле и 56% од Унгарците, 55% од Чесите и 54% од Словаците.
Сепак, 52% од Европејците остануваат неутрални, а главна причина за избегнување консултации со AI е недовербата во точноста на медицинските совети. Тоа го наведуваат 61% од Ирците, 60% од Швеѓаните и Португалците, 59% од Казахстанците, 58% од Данците.
Загриженост за тоа дека личните податоци би можеле да бидат злоупотребени изразиле 25% од Ирците, 24% од Британците, 22% од Французите и Германците, додека во Србија тоа го сметаат проблем само 8% од испитаниците.
Иако AI добива се повеќе поддржувачи, најголем дел од граѓаните и понатаму најмногу му веруваат на својот избран матичен лекар и здравствените работници. Според истражувањето, лицата над 55 години и оние со добро физичко здравје значително повеќе имаат доверба во лекарите, додека помладите генерации се потпираат на здравствени инфлуенсери и на вештачката интелигенција.