4 години од членството во НАТО – Социјалдемократите ги збиваат редовите

Јовам Митрески, како претседател на Собранието беше домаќин на средбата по повод 4 годишнината од членството во НАТО.

На средбата било истакнато дека после четири години од нашето зачленување во НАТО, се покажа дека биле донесени храбри и мудри одлуки во интерес на  безбедна и просперитетна иднина за нашите граѓани.

„Со тројцата поранешни премиери и поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, која го развиори нашето знаме во седиштето на НАТО, но и со поранешни пратеници, амбасадори, носители на високи државни функции,  разговаравме за придонесот што секој од нас поединечно го дал во овој процес и за патот што го изодевме за да имаме денеска безбедна држава, особено во услови воената агресија недалеку од нас“, напиша по повод средбата Митрески.

Очигледно поттикнат од придонесот на функционерите од редовите на СДСМ во процесот за обезбедување на челнството во најмоќната безбедносно-политичка алијанса – НАТО, Митрески во својата објава допиша дека „заедно и решително продолжуваме кон остварување на визијата за европска и просперитетна иднина“.

Зачлени се на нашиот е-билтен