Во стан на улицата „Рајко Жинзифов“ во општина Центар во Скопје е пронајден починат А.М. (48) од Скопје, соопштија од МВР.
Случајот бил пријавен на 9 јануари во 17:07 часот во СВР Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.