480.000 Палестинци евакуирани од Газа

Според новите проценки на израелската армија (ИДФ), околу 480.000 Палестинци досега се евакуирани од градот Газа, јужно од Појасот Газа.

Се проценува дека околу еден милион Палестинци живееле во Газа пред Израелските одбранбени сили да започнат голема офанзива против Хамас во областа, објави „Тајмс оф Израел“.

Пред офанзивата, Израелските одбранбени сили им наредија на Палестинците во сите делови на Газа веднаш да се евакуираат во хуманитарната зона назначена од Израел на југот од Појасот Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен