Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

55 години од лансирањето на Аполо 11 – вселенското летало кое ги однесе првите луѓе на месечината

Во јули 1969 година, астронаутите Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин „Баз“ Олдрин со Аполо 11 за прв пат го однесоа човештвото на месечината. Тие ја исполнија целта на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди поставена во мај 1961 година – да одат на месечината и безбедно да се вратат на Земјата.

Аполо 11 кон месечината се упати на денешен ден, пред 55 години со што години на истражување, тестови и развој на вселенската програма добија кулминација.

„Мал чекор за човекот, но голем за човештвото“ со овие зборови пред 55 години Нил Армстронг стана првиот човек кој стапна на месечината.

Астронаутите слетаа на месечината на 20 јули, од каде што собраа 21.5 килограми примероци кои ги донесоа на Земјата за испитувања. На површината на Месечината, Аполо 11 помина 21 час и 36 минути, пред да се вратат назад.

Фото: НАСА

Тие се вратија на Земјата на 24 јули безбедно, а научниците два дена подоцна започнаа со испитување на камњата и примероците кои ги донесоа од месечината, додека Армстронг, Колинс и Олдрин мораа да поминат уште три недели во карантин.

Фото: НАСА
Фото: НАСА

Преземено од Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен