Сојузот на филателистите на Македонија денес ќе го одбележи 75-годишниот јубилеј од своето основање со промоција на специјална поштенска марка издадена по повод овој значаен датум.
Свеченоста ќе се одржи во седиштето на Сојузот во Скопје, каде што пригодни обраќања ќе имаат претседателот на Сојузот, Синиша Павлески, и генералниот директор на АД Пошта на Република Северна Македонија, Орхан Куртиши.
 
				 
				 
															