Според правилниците, упатствата и протоколите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и на Институт за јавно здравје (ИЈЗ), поврзани со појавата на птичји грип, или авијарна инфлуенца, како што стручно се нарекува, овие две институции остануваат должни со информации за граѓаните и за јавноста.
Имено , птичјиот грип, не е нешто што леснио се изолира кога е во прашање оваа болест, од разбирливи причини. Птиците се прилично подвижни животни и елиминирањето на една или повеќе кај кои е со сигурност потврдена оваа болест не се завршуваат мерките што треба да се преземат во еден подолг период од 3 до 4 недели како што пишува во документите до кој Рацин.мк имаше пристап на веб страниците на АХВ и на ИЈЗ.
Во еден од тие правилници има нешто што се наведува како „контакт зони“, односно подрачја кои можат да бидат места, најчесто најблиску до примарното жариште, во кои пребиваат птици кои можеле да бидат во контакт со оние за кои е утврдено дека се заболени.
Бидејќи скопската Зоо градина е непосредно до Градскиот парк каде што има многу птици, АХВ и ИЈЗ треба да излезат со јасен став и препораки во врска со прашањата што произлегуваат од ова сознание.
Освен тоа Институтот за јавно здравје треба јасно и веднаш да каже дали согласно нивните препораки треба да има загриженост кај граѓаните кои минатите денови биле во ЗОО, како и кај вработените н ЗОО.
Јавноста и граѓаните очекуваат брзи одговори за овие прашања.