Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Северна Македонија предничи во исполнувањето на Заложбата за транспарентност на Коалицијата UNCAC

Северна Македонија во моментов е единствената земја од 37 потписнички на Заложбата за транспарентност на Коалицијата UNCAC (Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција), која е целосно усогласена со оваа заложба.

Овој податок беше споделен на Конференцијата на земјите потписнички (CoSP), главното тело за креирање политики на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција (UNCAC), која деновиве се одржува во Атланта, САД, а на која Владата на Северна Македонија е претставена од заменичката на премиерот задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Заложбата е доброволна одлука на секоја земја-членка за исполнување на минималните стандарди за транспарентност и учество на граѓанското општество во механизмот за ревизија на UNCAC. Коалицијата UNCAC е глобална мрежа од над 350 граѓански организации во над 100 земји, посветени на промовирање на ратификацијата, имплементацијата и мониторингот на оваа конвенција на ОН.

Целосната усогласеност на Северна Македонија со заложбата на Коалицијата UNCAC ја отсликува посветеноста на Владата на јакнењето на транспарентноста, како еден од најзначајните принципи на добро владеење, како и важноста на учеството на граѓанското општество во напорите за справување со корупцијата.

Со цел да се задржи позитивниот тренд на ова поле, Владата ќе продолжи да ја унапредува проактивната транспарентност на институциите преку исполнување на целите од новата Стратегија за транспарентност, која минатата недела беше усвоена на владина седница, а која беше изработена во соработка со граѓански организации и во широк партиципативен процес.

Зачлени се на нашиот е-билтен