Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Абас го повика Хамас што побрзо да договори примирје и размена на заложници со Израел

 Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повика движењето Хамас што побрзо да постигне договор за примирје и размена на заложници, со цел да се поштедат Палестинците од нова катастрофа во Рафах.

Тој за катастрофата го употреби терминот „накба“, што се однесува на етничкото чистење на Палестина во 1948 година, кога беше прогласена Државата Израел и најмалку 750.000 Палестинци беа протерани од своите домови.

Абас апелираше до Хамас да постигне договор за да се избегне израелски напад врз Рафах што ќе доведе до илјадници жртви, нови страдања и раселување на палестинскиот народ, пренесува Ал Џезира.

„Секој што го попречува постигнувањето договор ќе одговара“, рече Абас, додавајќи дека оваа ситуација повеќе не може да се толерира.

„Сакаме да го заштитиме нашиот народ од последиците на сериозна катастрофа што ќе ги снајде, затоа мораме да носиме одлуки во интерес на нашите граѓани и да ги заштитиме…така што ќе ја запреме агресијата“, рече Абас.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново