Share on FacebookShare on Twitter
Црна Гора повикува на мир и подава рака на сите за да се промовираат универзалните вредности и да се заштитат човековите права и слободи, изјави премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, за време на неговата презентација на брифингот на високо ниво на Советот за безбедност на ОН за зачувување на мирот и безбедност во Украина.
„Идејата на Обединетите нации е да ги обединат граѓаните и земјите во светот, а не да ги делат“, посочи тој.
Абазовиќ рече дека ОН се создадени по најголемата социјална катастрофа во историјата – Втората светска војна, додавајќи дека не треба да чекаме нова катастрофа за повторно да произведеме таква благородна идеја.
„Вратете се на првобитната идеја и да направиме реформи што е можно поскоро“, нагласи Абазовиќ, додавајќи дека поддржува радикална реформа на ОН со акцент на поинаква конфигурација на Советот за безбедност.
Во контекст на руската агресија врз Украина, тој изјави дека насилството како средство за постигнување политички цели не е прифатливо во 21 век.
„Црна Гора е тука да повика на мир и да им подаде рака на сите земји во светот со цел да се промовираат универзалните вредности и да се заштитат човековите права и слободи“, истакна Абазовиќ.