Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

АББА до Трамп: Престани да ги користиш нашите песни во кампањата

Шведската група АББА побара од кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, да престане да ги користи нивните песни во кампањи.

На митингот во Сент Клауд, Минесота, каде што е најголемото население Швеѓани во САД, на митингот на Доналд Трамп се слушнаа песните „Money, Money, Money“, „The Winner Takes It All“ и „Dancing Queen“.

Дури беше прикажано и видео од членовите на АББА со повик до луѓето да донираат за кампањата.

Universal Music Group, издавачот на групата, вели дека Трамп не добил дозвола за тоа и дека снимките мора веднаш да се отстранат. И навистина, нема повеќе видеа на социјалните мрежи, а на каналот на Доналд Трамп мутираше дел од видеото од Минесота.

Најново