Адем Чучуљ едногласно предложен за претседател на ДКСК

Комисијата за прашања и избори и именување едногласно ја донесе одлуката на Собранието да му се предложи Адем Чучуљ за претседател на Антикорупциска.

Адем Чучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит и е актуелен генерален секретар на Државната комисија за спречување и корупција и таму работи веќе 19 години.

Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на Антикорупциска за Чучуљ дале највисоки оценки, па, така тој доби 96,5 бодови. Чучуљ е актуелен генерален секретар на Државната комисија за спречување и корупција и таму работи веќе 19 години.

Според Комисијата за селекција на кандидатите, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.

Огласот за пријавување кандидати за претседател на Антикорупциската комисија беше објавен уште летово, но постапката беше времено прекината поради локалните избори.

Од 13 кандидати, колку што се пријавија на огласот на Собранието за избор за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), селектирани беа 10, а интервјуата со нив почнаа во вторникот.

Според информации од Собранието, пленарната седница на која треба да се гласа оваа Предлог-одлука ќе се одржи на почетокот на декември.

Зачлени се на нашиот е-билтен