Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амбасадорот Адеми за “Macedonian Music Festival“: Преку музиката и забавата се засилува духот на меѓукултурна размена

Амбасадорот на Северна Македонија во Мадрид, Шпанија, Едмонд Адеми во своја објава на Фејсбук по повод средбата со дел од организаторите на “Macedonian Music Festival” напиша:

Денес, во амбасадата на Република Северна Македонија во Мадрид имав средба со дел од организаторите на “Macedonian Music Festival”. Овој фестивал е иницијатива на една група млади ентузијасти од Шпанија, кои веќе неколку години преку организација на истиот ја промовираат македонската култура и музика во својот роден град Кастељон. Во разговорот што го имавме, еден од организаторите сподели дека идејата за фестивалот се родила токму од искрената желба на оваа група млади да обезбедат доволно финансиски средства за да ја посетат Северна Македонија и навистина да се запознаат со нашата богата историја, култура и традиција.

Овој настан создава мост помеѓу нашите две држави, а преку музиката и забавата се засилува духот на меѓукултурна размена и разбирање.

Овогодинешниот фестивал ќе се одржи на 1-ви септември во провинцијата Алкора, Кастељон, и ќе се слушаат песни на Тоше Проески, Влатко Стефановски, Фолтин, Игор Џамбазов, Елита 5, Туна, Есма Реџепова и други.

Најново