Аеродром и Ново Лисиче вечерва се гушат во канцерогени честички

Вечерва (четврток 10 септември) мониторските станици за квалитетот на возудух на AirQuality кои го набљудуваат квалитетот на воздухот во Скопје, покажуваат алармантни вредности на PM 2.5 и PM 10 честички во воздухот, кои важат за најканцерогени и предизвикуваат сериозни здравствени проблеми кај сите демографски популации.



Препораките на ЕУ и на СЗО при вакви услови инсистираат граѓаните да останат во затворени простори, да користат почистувачи на воздух или доколку треба да се движат на отворено да носат NK95/KN95 маски.

Попладнево редакцијата на Рацин.мк веќе напиша дека премиерот Мицкоски, несериозно ја сфаќа темата со палењето на Вардариште и на Дрисла за која тој изјави дека според неговите сознанија, квалитетот на воздух е прифатлив.

Зачлени се на нашиот е-билтен