Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Аеродромот Ајндховен ќе биде затворен на пет месеци од февруари 2027 година

Аеродромот Ајндховен ќе биде затворен пет месеци од февруари 2027 година поради реновирање на пистата, соопшти управата на аеродромот, пренесоа холандските медиуми. 

Засегнатите страни неодамна беа информирани за плановите и ќе разговараат со раководството на аеродромот. Туристичката компанија (ТУИ) TUI сè уште не одлучила како да се справи со затворањето, рече портпаролот.

-Во разговорот со менаџментот, се надеваме дека ќе слушнеме како можеме да го решиме ова преку меѓусебна консултација, велат од компанијата.

За плановите е информирана и авиокомпанијата Трансавиа (Transavia). Годишно, компанијата оперира една третина од вкупните повеќе од 40 илјади летови на аеродромот во Ајндховен.

-Пет месеци е многу време, така што има многу работа, рече портпаролот на компанијата.

Холандската асоцијација на туристички агенции (АНВР) соопшти дека сè уште не знае дали сите патници можат да бидат пренасочени на други аеродроми, но имаат три години да дознаат. Министерството за одбрана, кое е сопственик на аеродромот во Ајндховен, ќе одговори откако Претставничкиот дом ќе биде информиран за плановите. Писмо на оваа тема ќе биде испратено подоцна овој месец. 

Зачлени се на нашиот е-билтен