Академскиот пленум: Брнабиќ да покаже докази за „диверзија“ или да одговара за ширење паника

Академскиот пленум ги осуди изјавите на претседателката на српското Народно собрание, Ана Брнабиќ, која трагедијата на железничката станица во Нови Сад со 16 загинати ја опиша како „планирана саботажа“. Пленумот оценува дека тврдењата се изнесени без докази и претставуваат јавно заплашување и ширење паника, па го повика надлежното обвинителство да ѝ наложи да ги презентира доказите.

„Доколку такви докази не постојат, очекуваме притвор согласно законот за ширење паника и дестабилизација на општеството“, порачаа од Пленумот. Во реакцијата тие потсетуваат дека најавите за советодавен референдум за претседателот се политички инструмент без обврзувачка правна сила и дека, според нив, претседателот на Србија има претежно церемонијални овластувања утврдени со Уставот. Затоа, како единствен демократски и уставен излез го наведуваат распишувањето предвремени парламентарни избори.

Студентите и академската заедница остануваат на ставот дека предвремените избори се неопходни за враќање на довербата во институциите, заштита на граѓаните и зајакнување на демократските процеси.

Зачлени се на нашиот е-билтен