Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ако Мицкоски сакал „вистински“ да ги пријави луѓето кои му понудиле поткуп, ќе го прашал Тошковски како се прави тоа

Секој има право да спречи или пријави корупција или извршување, односно пропуштање на дејствие што претставува искористување на функцијата, јавните овластувања, службената должност или положба за да се нанесе штета на друг, без да трпи какви било последици, вели членот 5, став 3 од Законот за спречување корупција, но многу е важно за системот да функционира тој обид или сомнежите за корупцијата да се докажат.

-Кога некој ќе ви понуди поткуп, особено ако сте политичар имате обврска тоа да го пријавите до надлежните институции, а тоа се Државната комисија за спречување корупција, Обвинителството итн. Кога некој нуди поткуп тоа значи дека некој бара против услуга, а тоа со помош на институциите, а во случајот премиерот можел и да се советува со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски па тоа пријавуавње да го направи на вистински начин, односно со одбележани пари, со планирано снимање итн, велат експерти за корупција во изјава за Рацин.мк .

Начело на интергитет
Член 4
(1) Секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно.
(2) Службеното лице во извршувањето на јавните овластувања и должности е должно да ги почитува начелото на законитост, начелото на еднаквост, начелото на јавност, етичките норми и професионалните стандарди, без дискриминација или повластување на кој било со целосно почитување на јавниот интерес.
(3) Службеното лице во вршењето на својата функција е должно да внимава на eвентуален судир наинтереси и при извршувањето на јавните овластувања и
должности не смее да се раководи од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту одпритисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице.

Мицкоски денеска рече дека за Коридорот 8, секцијата три за пругата добил поткуп и дека веќе го има пријавено. Тој кажа дека требало да потпише за оваа тендерска документација кој завршува на 17 септември, но дека истиот не го прифатил.

-Додека сум јас премиер, можам никогаш да ставам потпис на проект, да потрошам пола милијарда пари на моите граѓани за проект кој завршува на половина тунел, на слепа улица. Бидејќи бев жртва на обид за поткуп поврзан со тој проект, јас кажав дека ваков каков што нема никогаш да го поддржам, затоа што тука не станува збор за македонските даночни обврзници, туку и на европските, рече Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен