Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ако некогаш сте се запрашале, еве зошто авионските прозорци имаа дупка на дното

На својот интернет-простор, стјуардесата Хени Лим го споделува своето стручно знаење, па во неодамнешно видео објаснува зошто авионските прозорци имаат мала дупка на дното.

Еве ја објаснета мала „мистерија“ за авионите.

– Ако некогаш сте седнале на прозорско седиште во авион, веројатно сте забележале мала дупка на дното на прозорецот. Ова се нарекува „дупче за крвавење“. Овие дупчиња помагаат за рамнотежата на разликата меѓу притисокот во кабината и надворешниот воздух… А, има и друга улога – да ја ослободи влагата и да спречи мразот и кондензацијата на прозорецот да Ви го блокираат погледот, објаснуваат експертите.

Авионските прозорци обично се состојат од три слоја, а за време на летот надворешниот дел може и да замрзне поради ниските температури на големи височини. Следствено, топлиот воздух и влагата внатре можат да ги замаглат прозорците.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново