Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ако сакаме да ги задржиме работниците дома, потребно е минималната плата да расте

Економските експерти кои ги консултираше Рацин.мк сериозно предупредуваат дека Македонија мора сериозно да размисли да ја зголеми минималната плата ако сака да ги задржи и оние малку квалификувани работници кои останаа да живеат и да работат тука.

Според нив, конкуренцијата со соседните земји може да биде предизвик доколку минималецот не биде на исто или на слично ниво како во регионот.

Како што обајснуваат, ако не се зголеми минималецот, може да имаме голема бегалска работна сила кон земјите каде што платите се повисокиво контекст на зголемената миграција на квалификувани работници од Македонија кон земјите во Европската Унија.

Младите и образовани луѓе ги привлекуваат поголемите плати и подобрите услови за живот во странство.

За да се задржат овие работници и да се поддржи домашната економија, експертите се согласуваат дека минималната плата треба да биде конкурентна.

Со само 367 евра, Македонија има најниска минимална плата во споредба со земјите кандидати за членки во Eвропската Унија од регионот.

Мнозинството најави дека нема да го поддржат, но СДСМ во Собранието, сепак, поднесоа Закон за зголемување на минималната плата. Бараат зголемување на 27.700 денари, односно 450 евра и ги повикаа сите пратеници, без оглед на политичката припадност да гласаат за подобар животен стандард.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, негираат дека владините мерки не дале резултат. Апелираат до СДСМ да станат посериозни, затоа што им се случуваат технички грешки.

Од ССМ излегоа со податок дека вредноста на Синдикалната минимална кошничка за октомври изнесува 61.249,00 денари и за само 57 денари е поевтина од таа за септември.

Повисок минималец имаат Албанија, Србија, додека, пак, во Хрватска минималната плата е двојно, а во Словенија тројно повисока од нашата.

Зачлени се на нашиот е-билтен