Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Актерот Роберт Енглaнд, популарниот Фреди Кругер, ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

Роберт Енгланд ја играше и главната улога во македонскиот игран филм „Како лош сон“ (2003 г.) во режија на Антонио Митрикески

Американскиот глумец Роберт Енглaнд, ѕвездата на хоророт „Кошмарот на улицата на брестовите“ (Nightmare on Elm Street), ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Енгланд (77) е можеби најпознат по улогата на легендарниот негативец Фреди Кругер во повеќе филмови од 1980-тите и 90-тите, но зад себе има и завидна бројка од околу 160 други филмски и ТВ-проекти. Се појавува претежно во хорор-филмови.

Вреди да потсетиме дека Роберт Енгланд ја играше и главната улога во македонскиот игран филм „Како лош сон“ (2003 г.) во режија на Антонио Митрикески.

Енгланд досега освоил шест награди од Академија за научна фантастика, фантазија и хорор филмови во САД, Фантафестивалот во Рим, Италија, Хорор-фестивалот во Њујорк, Каталонскиот меѓународен филмски фестивал во Шпанија итн.

Актерот со совите улоги забележал и десетина номинации за други награди.

Зачлени се на нашиот е-билтен