Активирана Фаза 3: Итни мерки за заштита од топлотниот бран до 8 јули

Министерството за здравство соопшти дека од денес, согласно прогнозите на УХМР, стапува во сила Фаза 3 на превентивни активности за справување со екстремните горештини, мерка што ќе трае заклучно со 8 јули.

На предлог на ресорното министерство, Владата усвои пакет препораки: ослободување од работни обврски за бремените жени и лицата над 60 години (освен во критичната инфраструктура), прекин на работа на отворено помеѓу 11 и 17 часот, воведување работа од далечина и флексибилни смени каде што е возможно, како и обезбедување работни простории со температура до 25 °C.

Сите здравствени и социјални установи, како и образовните институции, се задолжени да ги активираат кризно-акциони протоколи. „Мерките се насочени кон континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението,“ порачаа од Министерството.

Топлотниот бран кој го зафати поголемиот дел од јужна Европа ќе носи температури од 32 до 41 °C низ државата во наредните денови, поради што властите апелираат за максимална претпазливост и почитување на препораките.

Зачлени се на нашиот е-билтен