Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Активни се помали пожари, поголемите ги изгасна дождот


Сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати. Активни се неколку помали пожари со кои ќе се справиме во текот на утрешниот ден, велат од Центарот за управување со кризи.

На 18.08.2024 година, хеликоптерот Ми-171 од хеликоптерската единица за посебни намени при МВР од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше во гасење на пожар, Доленци-Демир Хисар и Неокази-Пробиштип. Во 17 налети исфрлени се 43 тони вода.

Од 1 август до денес во Македонија беа регистрирани 660 пожари на отворен простор од кои 98 шумски и од кои повеќето се претворија во големи пожари тешки за гаснење.

Најново