Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ал Малики: Примирјето во Појасот Газа може да биде продолжено

 Катар, Египет, САД, Европската унија и Шпанија работат на продолжување на привремениот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Ова денеска во Барселона го изјави министерот за надворешни работи на палестинската управа Ријад Ал Малики.

Денеска е последниот ден од договорената четиридневна пауза во борбите.

Откако повика на траен прекин на огнот за да се избегнат цивилни жртви, Ал Малики рече дека примирјето може да се продолжи за „ден, два, три“, но дека никој не знае колку.

Ал Малики денеска во Барселона учествува на конференцијата на Унијата за Медитеранот, чиј домаќин е шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, а Израел не учествува.

Зачлени се на нашиот е-билтен