Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ал-Сараџ: Газа е пренатрупана со смет бидејќи Израел уништи 70 проценти од општинските возила

 Градоначалникот на Газа, Јахја ал-Сараџ денеска изјави дека израелската армија од почетокот на војната на 7 октомври уништила околу 70 проценти од тешката и средна машинерија во општината Газа.

Според него израелската армија уништи 90 од 130 возила за потребите на општината и потребна е меѓународна помош за обезбедување на возила и машини за отстранување на отпадот, отворање на патиштата и за водоснабдување на граѓаните.

– Трупањето на неколку тони ѓубре во градот испушта отровни гасови, што се штетни за здравјето на луѓето, нагласи ал-Сараџ.

Тој додаде дека отпадните води се излеваат на улиците, училиштата, прифатилиштата, како и на некои болници поради уништување на целата инфраструктура.

Градоначалникот на Газа исто така посочи дека градот последен пат добил гориво на 31 октомври. Според ал-Сараџ општината не може да обезбеди и вода за населението.

Израел почна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа на 7 октомври минатата година по прекуграничен напад на Хамас, во кој според официјален Тел Авив загинале околу 1.200 луѓе. Оттогаш се убиени најмалку 24.100 Палестинци, главно жени и деца, а 60.834 се повредени.

Според процените на Обединетите нации, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 проценти од инфраструктурата на палестинската енклава е оштетена или уништена.

Зачлени се на нашиот е-билтен