Многу е битно редакциите на заедниците при Македонската радиотелевизија да постојат, да го подобруваат својот состав во смисла да се вработуваат повеќе припадници на заедниците во тие редакции.
И тие редакции да прават содржини, меѓутоа и да соработуваат меѓусебно за да можат граѓаните што припаѓаат на една традиција, на еден етнички или културен идентитет, да знаат многу повеќе и да имаат информации за тоа која култура и кои вредности ги негуваат и другите заедници. Да има соработка меѓу нив, и во таа смисла очекуваме генерално и дека сите медиуми, и приватните, и националниот сервис, да прават повеќе содржини со кои ќе ги идентификуваат тие мултикултурни маркери онаму каде што ги има, и да ги препознаваат луѓето коишто како спортисти, бизнисмени или уметници, ги носат тие вредности во себе, вели меѓу другото националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски, во интервју за ЦИВИЛ.
Д. Тахири
камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети