Во Србија, во периодот од јануари до ноември 2025 година, се родиле 53.283 деца, додека починале 85.657 лица, со што негативниот природен прираст изнесува 32.374 лица, покажуваат најновите податоци на Републичкиот завод за статистика на Србија.
Според официјалната статистика, земјата и понатаму се соочува со сериозен демографски пад, иако во однос на истиот период минатата година се забележува намалување и на бројот на живородени и на бројот на починати.
Бројот на живородени во првите 11 месеци од 2025 година е помал за 1.886 деца, односно за 3,4 проценти, во споредба со истиот период во 2024 година, кога биле регистрирани 55.169 новородени.
Истовремено, бројот на починати лица е намален за 3.829, или за 4,3 проценти, во однос на истиот период лани, кога починале 89.486 лица.
И покрај овој пад на смртноста, разликата меѓу бројот на родени и починати останува длабоко негативна, што уште еднаш ја отвора темата за долгорочните демографски трендови, иселувањето и стареењето на населението во Србија.
Податоците на Републичкиот завод за статистика укажуваат дека негативниот природен прираст продолжува да биде еден од најголемите структурни проблеми со кои се соочува земјата.