Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала

На албанската полиција и Национален инспекторат за контрола на заштита на територија (ИКМТ) на располагање им се дадени  беспилотни летала за контрола во реално време на целата територија и државната граница од воздух.

-Со овие летала почнавме да ја контолираме територијата на државата во правец на сузбивање на одгледување наркотични растенија, еколошки пустошења на шуми, реки, против дивоградби, за борба против нелегално преминување на границата, идентификација на пловни објекти на море, контрола и следење на сообраќајни или патни инциденти и од воздух, како и следење на возилата на луѓето во случај на криминални настани, изјави Таулант Бала, министер за внатрешни работи при прстојот во воената база Кучово, каде се лоцирани беспилотните летала.

Според него новиот капацитет на воздухопловните сили, како што е договорено, ќе го користат и други агенции за спроведување на законот, освен Државната полиција или ИКМТ, кои поднеле конкретни барања за нивно користење до Генералштабот на ФА.

-Преку овој дрон многу добро можеме да ја замениме контролата од воздух што некогаш се вршеше со хеликоптер. Постапката за пуштање во употреба на беспилотните летала е многу побрза отколку за хеликоптерите. Овие битки се добиваат кога ќе заштедите време, нагласи министерот.
Зборувајќи за други можности за користење за граѓански цели, Бала подвлече дека „во моментов наша цел е туристичката сезона. Треба да ги контролираме по целото крајбрежје сите појави, наноси на отпад и секој друг проблем, бидејќи не се само дивоградби, туку и еколошки криминали, штети на шумите итн“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен