Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Средба Бислими –Петковиќ во Брисел; Во Албанија дводневна национална жалост за Исмаил Кадаре; 34 години од Уставната декларација од 2 јули во Косово

Во Брисел денеска се среќаваат Главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, во рамки на дијалогот за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Албанската влада прогласи дводневна национална жалост поради смртта на писателот Исмаил Кадаре, известуваат албанските медиуми.

КОСОВО

Зери: Бислими и Петковиќ се среќаваат денеска во Брисел

Главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ денеска се среќаваат во Брисел, во рамки на дијалогот за нормализација на односите, со посредство на Европската унија.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, предупреди дека на врвот на агендата на дискусиите ќе биде итно спроведување на Договорот за патот кон нормализација на односите, пренесе Зери.

Репортери: Во чест на Кадаре, Албанолошкиот завод од Приштина денеска одржува комеморативна средба

Во чест на делото на Исмаил Кадаре, Албанолошкиот завод во Приштина ќе одржи комеморативна средба.

Средбата ќе започне во 10:00 часот, а ќе се одржи во Албанскиот институт, пренесува Репортери.

Газета Експрес: Се навршија  34 години од Уставната декларација од 2 јули

Денеска се навршуваат 34 години откако тогашните делегати на Собранието на Косово ја одобрија Уставната декларација од 2 јули.

На овој историски ден Косово беше прогласено за посебна единица во рамките на тогашната југословенска федерација, пишува Газета Експрес.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Албанија прогласи дводневна национална жалост по смртта на Исмаил Кадаре

Владата прогласи дводневна национална жалост поради смртта на писателот Исмаил Кадаре.

Со одлука на Советот на министри, одлучено е да се прогласи национална жалост во вторник и среда, односно на 2 и 3 јули 2024 година, во чест на починатиот Исмаил Кадаре, истакната личност на албанското писмо, пренесува Телеграфи.

Во сите државни институции знамето ќе биде спуштено на половина копје.

Во просториите на Театарот за опера и балет и Народниот ансамбл во среда, на 3 јули од 09:00 до 11:00 часот и од 11:30 до 13:30 часот, ќе се организираат јавни почести и државна свеченост.

Визион Плус: Падот на комунистичкиот режим, денеска се одбележуваат 34 години од влегувањето на Албанците во западните амбасади

На денешен ден пред 34 години над 5 илјади Албанци влегоа во амбасадите на западните земји во Тирана. Ова беше историски настан за тогашните случувања и силен удар врз комунистичкиот режим кој беше во последните денови.

Најголем дел од граѓаните влегле во германската амбасада, над 3 илјади луѓе. Уште околу 700 во италијанската амбасада, додека останатите се сместени во амбасадите на Франција и Чехословачка.

Тогашните бегалци во амбасадите престојувале 11 дена, од 2 до 13 јули 1990 година, кога заминале за пристаништето во Драч, се наведува во статија на Визион Плус.

КОЛУМНА

Коха: Незапирлив ураган како подарок за светот

„Во хотелот „Киндли“, во срцето на Цирих, каде најголемата дилема на многумина минувачи е да купат чифт чевли од 2.500 франци или часовник од 18.000 франци, Исмаил Кадаре се чувствувал добро; не поради луксузот, туку кога сфатил дека овој хотел е отворен во 1474 година, само 6 години по смртта на Скендербег.

Потоа, друга приказна го врати албанскиот писател во балканската бездна: на 23 август 1981 година, двајца мажи влегоа во хотелот „Киндли“.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Незапирлив ураган како подарок за светот“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира