Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанскиот парламент изгласа Резолуција за добро владеење и антикорупција, опозицијата го бојкотираше гласањето

 По повеќе од пет часа расправа, албанскиот парламент изгласа Резолуција „За продлабочување на реформите за добро владеење, спроведување на законот и антикорупција за Албанија во Европската Унија 2030″, предложена од владејачката Социјалистичка партија.

За документот гласаа 76 пратеници од владејачкото мнозинство, двајца опозициски пратеници беа против,  додека останатите пратеници од опозицијата не гласаа.

Според предлагачот Резолуцијата има за цел да го зголеми владеењето на правото, да се бори против корупцијата и да го усогласи албанското законодавство со она на Европската унија.

На донесувањето на резолуцијата се спротивстави опозицијата, која се изјасни дека е „потсмев од страна на власта која е на власт 11 години” и оти “корупцијата на владата на премиерот Еди Рама не може да се сокрие со резолуција”.

Премиерот Еди Рама во обраќањето на денешната пленарната седница ја изрази својата решеност дека „борбата против корупцијата нема да запре и оти предизвик е членството во ЕУ”. 

– Оваа иницијатива произлегува од потребата за продлабочување на битката и го одразува предизвикот за патот кон ЕУ. Корупцијата е наследена рак рана а Социјалистичката партија е единствената политичка сила која има моќ да донесе промени и да се бори против корупцијата, рекол Рама.


Додека зборуваше тој, опозициските пратеници удираа на столчињата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира