Александропулис се покажа како визионерски за новите царинско-трговски односи на Македонија со САД

Александропулис

Александропулис се покажа како визионерски за новите царинско-трговски односи на Северна Македонија со САД.

Новиот рамковен договор, објавен од Белата куќа на 13 февруари 2026 година, воспоставува трговски однос кој отстапува од традиционалните договори за слободна трговија базирани на целосен реципроцитет. Анализата на договорените услови укажува на значителна асиметрија во отстапките, каде што помалиот економски партнер презема обврски за целосна либерализација, додека САД задржуваат протекционистички механизми. Овој модел ја одразува пошироката американска стратегија за „фер и балансирана“ трговија која приоритет дава на намалување на американскиот трговски дефицит и отворање на странски пазари за американскиот извоз.

Клучните економски параметри вклучуваат Северна Македонија итно и целосно да ги укине на царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи увезени од САД. САД ги задржуваат тарифите од 15% за македонски производи, повикувајќи се на Извршната наредба 14257 од 2 април 2005 година, а можност за нулта царинска стапка е предвидена само за селектирани производи дефинирани во Анекс III на Извршната наредба 14346 од 5 септември 2025 година.

Но, еден од условите што нашите претставници го шират сега овој договор како голем политички чин, е претходно исполнет, уште во 2020 година, кога тогашната влада го обезбеди учеството на Македонија во проектот Александропули кој опфаќа два мегаподпроекти – Гасниот терминал за ЛНГ, односно втечен гас од САД, Катар, Египет и други земји, и гасната електрана на „прстофат“ до терминалот со капацитет од 800 мегават часови којшто, според бизнис планот на инвеститорите треба да бидат завршени до крајот на 2024 година.

Еден од елементите на новиот договор за царини е директното поврзан за купување на американски енергенси поврзување од инфраструктурните проекти кои сега го обезбедуваат тоа, односно гасниот терминал во Алексадропулис, Грција и интерконтекторот со Грција, кој исто така го обезбедеи претходната влада.

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција не се третира само како проект за диверзификација на рутите, туку како механизам за замена на зависноста од руски гас со зависност од американски течен природен гас (LNG). Оваа клаузула ја трансформира Северна Македонија во гарантиран купувач на американски енергенси, што е дел од пошироката геополитичка цел на Вашингтон за енергетска доминација во Европа. Со ова, енергетската политика на Скопје станува директно усогласена со извозните интереси на американските енергетски компании, обезбедувајќи долгорочен пазар за LNG терминалите во регионот.

Капацитетот на гасниот терминал изнесува 5,5 милијарди nm3, од кои АД ЕСМ односно Северна Македонија ќе закупи 10%, односно 500 милиони nm3 гас од вкупниот капацитет на терминалот.

Годишната потрошувачка на гас кај нас изнесува приближно 400nm3, што говори дека државата со обезбедувањето на таа количина од гасниот терминал Александропули и со интерконекторот со Грција ќе обезбеди трајна и безбедна набавка на неруски гас, односно ќе се реши зависноста од гасот на Гаспром, односно Русија.

Ова е важно и заради фактот што побарувачката ќе се зголемува, ако имаме предвид дека во развојната програма на АД ЕСМ е зацртана изградба на гасна електрана во кругот на РЕК Битола, гасна електрана во Енергетика-Скопје, можна пренамена на ТЕЦ Неготино од мазут на гас или изградба на целосно нова гасна електрана до постоечката во Неготино.

Со оглед на местоположбата што ја имаме како држава и поставеноста на своевидна крстосница, со нашето учесттво во Александропули се отвора и можноста преку Северна Македонија, со дополнителни интерконектори да се реализира снабдување и на земји, пред сѐ Албанија и Косово, и на тој начин како држава да оствариме значителна заработка.

Оваа можност во 2020 година ја договори претходниот премиер Заев кој издејствува учество на нашата земја во овој проект со тоа што петте акционери ДЕПА (грчката државна компанија за изградна на гасна инфратсруктура), Булгартрансгас (државна компанија за дистрибуција на гас), Гаслог (приватна компанија за бродски ттранспорт на ЛНГ), Копелузос (приватна компанија за трговија со гас и гасна инфраструктура) и ДЕСФА (државна компанија за дистрибуција на гас), како содружници акционери, се согласија да отстапат по 2% од своите акции за Македонија, односно за НЕР, акционнерското друштво за вршење енергетски дејности во државна сопственост.

Како што за една претходна анализа на Рацин.мк рекоа од ЕСМ, вредноста на закупениот гас од 500 милиони кубни метри за нашите потреби ќе изнесува 9,8 милиони евра годишно и тие средства ќе бидат дел од цената на гасот, односно ќе бидат вградени во неа, и ќе се вратат преку продажбата на гасот, односно нема да постојат финансиски импликации, туку ќе има враќање на средствата вложени за закуп.

Зачлени се на нашиот е-билтен