Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Алексис Ципрас на гости кај Зоран Заев во Струмица

Заев, кој често изјавуваше дека со Ципрас изградиле извонредни пријателски односи, го поканил поранешниот лидер на Сириза да му дојде на гости во Струмица во приватна посета.

Повеќе детали за средбата не се соопштени.

Ципрас и Заев беа премиери кога двата балкански соседи го потпишаа Договорот од Преспа во јуни 2018 година, решавајќи го спорот за името што опстојуваше со децении, пишува Катимерини.

Договорот од Нивице, посредуван од ОН, беше поздравен насекаде во светот и им донесе голем респект на Ципрас и Заев во меѓународната заедница. Но отпорот на националистичките кругови во Грција и Македонија за најдениот компромис беше огромен. Прво Ципрас и Цириза ги загубија изборите во 2019, а потоа Заев и СДСМ доживеаја значителен пораз на локалните избори во 2021.

И Ципрас и Заев веќе не се на чело на нивните партии, дел и поради тоа што го склучија Преспанскиот договор.

Зачлени се на нашиот е-билтен