Алиу веќе го „излечи“ здравството – сега терапијата му е паркинг со 300 места

Откако, се разбира, сите листи за чекање мистериозно испарија, Министерот за здравство Азир Алиу реши да се зафати со најсериозниот остаток од македонските болнички маки – паркингот кај Клинички. Според неговата најава, уште утре треба да се потпише договор со ЈП „Градски паркинг“ за изградба на, како што вели, „најмодерното, целосно дигитализирано“ паркиралиште во државата.

Ценовникот останува во мистерии, но министерот откри четири тарифи:

  1. Онколошки пациенти – бесплатен паркинг.
  2. Други пациенти – засега непозната такса.
  3. Вработени во кампусот – посебна цена.
  4. Граѓани-посетители – четврта, исто така сè уште неофицијална цена.

Алиу уверува дека со „просторна оптимизација“ капацитетот ќе биде удвоен. По новиот паркинг, веројатно ќе остане да се реши само уште некој тривијален детал – како на пример хроничниот недостиг на болнички сестри, распаднатите апарати и старите лифтови. Но, штом навигацијата ќе биде паметна, можеби и тие сами ќе се поправат.

Зачлени се на нашиот е-билтен