Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз победија во втората рунда на престижниот турнир во Индијан Велс во Калифорнија, САД.
Првиот светски рекет Карлос Алкараз, го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров со во 2:0 (во сетови 6-2 и 6-3)
Од друга страна пак, Ѓоковиќ се помачи во дуелот со полскиот тенисер Камил Мајхшак победувајќи со 2:1 иако го загуби првиот сет.
Во следното коло Ѓоковиќ ќе се соочи со американскиот тенисер Александар Ковачевиќ, кој претходно го елиминираше Французинот Корентен Мути, додека Карлос Алкараз ќе игра против Французинот Артур Риндеркнеш.