Алушовски се враќа на клупата на Пелистер

Битолскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер во втората полузесона ќе има нов тренер

На чело на стручниот штаб на Пелистер се враќа Стевче Алушoвски, а како што информираа од клубот, тој ќе ја води екипата до крај на сезоната.

Поранешниот репрезентативец, кои има најмногу настапи во дресот на Македонија, играчката и тренерската кариера, ја започна токму во Битола. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола, Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.

Во мак-ракометот ги водеше Вардар и Охрид, а кратко работеше и во Исланд. Прозивката на новиот тренер е закажана за в среда (14 јануари) во 17 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен