Амбасадата на САД во Русија ги предупреди Американците да избегнуваат големи собири во Москва, во следните 48 часа.
Во предупредувањето се истакнува дека наредниот период можни се терористички напади од страна на екстремистите во главниот град на Русија, Москва.
Предупредувањето е објавено на интернет-страницата на Амбасадата на САД во Москва. (МИА)