Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амбасадор на Кина во Белград: Кина стана главен извор на странски инвестиции во Србија

Амбасадорот на Кина во Србија, Ли Минг, денеска во авторски текст за весникот Политика изјави дека во изминатата деценија кинеските инвестиции во Србија се зголемени за 60 пати и дека Кина стана главен извор на странски инвестиции во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што порача новиот кинески амбасадор во Белград, непречената трговска размена поттикнала заеднички просперитет меѓу двете земји и бележи пораст и е зголемена за четири пати, со што Кина стана вториот трговски партнер на Србија.

– Различни финансиски производи помогнаа во реализацијата на проектите „Чиста Србија“ и „Модернизација на телефонијата и интернетот“, купувањето на железарницата во Смедерево успешно ја подмлади таа фабрика, а компаниите Зиѓин, Линглонг и Хисенсе преку различни проекти отворија 20.000 работни места, изјави Ли Минг.

Србија стана членка на Азиската банка за инфраструктурни инвестиции во 2019 година, потсети тој, додавајќи дека двете страни се договараат за формирање клириншка банка за јени во Србија, што ќе го олесни бизнисот на српските компании со Кина и ќе го зајакне отпорот кон финансиски ризици.

– Нема пат, нема живот. Од „Мостот Пупин“ до автопатот Милош Велики и брзата пруга Белград-Нови Сад, како делниците на брзата пруга Белград-Будимпешта, нашите две земји реализираа голем број проекти во рамките на „Појас и пат“, рече кинескиот амбасадор во Белград.

Ли Минг најави дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе присуствува на Форумот за меѓународна соработка „Појас и пат“ со најголемата делегација на Србија досега во историјата.

– Србија е важен партнер на таа иницијатива и е меѓу првите потписнички на Договорот за соработка низ Европа, истакна Ли Минг.

Тој додаде дека со стапувањето во сила на договорот за безвизен режим и меѓусебното признавање на возачките дозволи, како и воспоставувањето на директни авиолинии, во голема мера го олесниле протокот на луѓе и туристичката соработка.

Тој нагласи и дека соработката меѓу Кина и Србија во рамките на „Појас и пат“ секогаш се заснова на принципите на заедничка консултација, заедничка изградба и остварување на заедничките интереси.

Зачлени се на нашиот е-билтен